Режисерот на филмот „Triangle of Sadness“ ќе биде претседател на жирито во Кан

Фото: Профимедиа

Шведскиот режисер Рубен Остлунд, двократен добитник на „Златна палма“ на меѓународниот Филмски фестивал во Кан, е назначен за претседател на овогодинешното жири.

„Среќен сум, горд и понизен што ми е доверена честа на претседател на жирито за овогодинешното натпреварување на филмскиот фестивал во Кан“, рече Остлунд.

Филмот на овој режисер, „Triangle of Sadness“, добитник на минатогодишната „Златна палма“ за најдобар филм, ги истражува поимите за убавина и привилегија – приказна за две манекенки на луксузно крстарење, остануваат засукани на пуст остров со неколку вработени и милијардери гости.

Остлунд освои награда и во 2017 година, за филмот „Квадрат“, сатира за светот на уметноста.

Фестивалот во Кан се врати во традиционалниот календар минатата година по неколку години прекин поради пандемијата. Фестивалот оваа година ќе се одржи од 16 до 27 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот