Рекордно ниска вредност на турската валута по изборите: Еден долар е речиси 20 лири

Турска лира/ Фото: МИА

Вредноста на турската лира во однос на доларот е на рекордно ниско ниво по вчерашните општи избори – еден долар моментално е еднаков на 19,70 лири. Намалувањето на вредноста на оваа валута по изборите изнесуваше 0,5 отсто, а минатата година нејзината вредност беше намалена за 40 отсто, пренесува Си-Ен-Ен. Девалвацијата на домашната валута е последица на одлуката на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на високата инфлација да не реагира со зголемување на каматните стапки, т.е. со намалување на паричната маса во оптек. Од друга страна, повеќето од другите земји ја намалуваат инфлацијата токму со зголемување на каматните стапки. Официјалната стапка на инфлација во Турција е повеќе од 80 проценти, додека некои тврдат дека вистинската стапка на инфлација е многу повисока од официјалната стапка. Инфлацијата беше една од клучните теми на изборната кампања. Ердоган верува дека каматата е зло и работи на намалување на нејзината стапка. Се очекуваше дека неговите економски одлуки негативно ќе се одразат на изборите. Според американската кредитна агенција Мудис, победата на опозицијата би значела поголеми изгледи за враќање на поефикасна економска политика, што позитивно би се одразило на кредитниот рејтинг на Турција, објави Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот