Рекордни температури во Канбера, пожарите се активни

Најавуваат дека доколку граѓаните не се придржуваат на овие апели и препораки ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со пријави и можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици./фото: Принтскрин

Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година.

Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба.

– Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година. Исто така е трета највисока температура забележана во градот, објави на Твитер метеорологот на Метео Франс, Етјен Капикијан.

Во текот на ноќта во југоисточниот дел на Австралија се уништени десетина домови, а постои опасност од голем пожар во јужниот дел на Канбера и околното место Тарв.

Во пожарите изгореа 55.000 хектари шума и земјоделско земјиште.

Жителите кои се во близина на главното жариште се предупредени. – Утрово пожарите се сè уште активни. Пред нас се денови, а можеби и недели за гасење на пожарите, рече еден официјален претставник, додавајќи дека вонредната состојба ќе остане во сила барем до понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот