Рекорд за сите времиња на Форбс: Богатството на сопственикот на Амазон надмина 180 милијарди долари

Фото: МИА

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Амазон, соопшти Форбс.

Пазарната капитализација на „Амазон” достигна 1,52 трилиони долари. Така, Безос, кој поседува 11,1 отсто од акциите на онлајн трговијата на мало, надмина 181,5 милијарди американски долари. Форбс потенцира дека ова е рекорд за сите времиња од почетокот на статистиката.

Во април, Форбс третпат по ред го постави Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство тогаш беше проценето на околу 113 милијарди американски долари.

Второто место му припадна на еден од основачите на корпорацијата Мајкрософт, Бил Гејтс, со 98 милијарди долари. Главниот извршен директор на француската група компании ЛВМХ – Луи Витон Мот Хенеси, Бернард Арно се искачи на третото место со своите 76 милијарди долари.

Компанијата „Амазон”, која продава стоки и услуги преку Интернет, е основана од Безос во САД во 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот