Реконструкција на повеќе булевари и улици во месец Јули

Во текот на изминатиот месец Град Скопје работеше на реконструкција на повеќе булевари и улици и тоа со рекордно кратки рокови.

Целосно заврши реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ на потег од крстосницата со булевар „8. Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри, а заврши и фазната реконструкција на улицата „Лазар Личеноски“ во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале.

Во полн ек се градежните активности за реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол. Едниот правец на улицата е целосно асфалтирана, а се струга стариот и оштетен слој во спротивниот правец.

Во наредниов период екипите на терен ќе работат со засилено темпо со цел побрзо завршување на сите градежни работи на оваа сообраќајница. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во должина од околу 1.500 метри, каде што се врши целосно стружење на горниот оштетен слој на коловозот до 20 сантиметри на површина од 21.240 квадратни метри и ќе се нанесе нов асфалтен слој.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“, на потег во должина од 690 метри, а истата ќе биде целосно готова во наредните денови.

Во тек се и градежните работи на реконструкциите на булеварот „Кочо Рацин“ и на улиците „Февруарски Поход“, „Лазар Трповски“ и на „Индира Ганди“.

Покрај реконструкцијата на овие сообраќајници, во моментов се вршат и градежни активности за реконструкција на дилатации на мост „Гоце Делчев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот