Реконструкцијата не е мотивирана од имиња, туку од останувањето на европскиот пат, порача Ковачевски

Фото: МИА

„Оваа реконструкција на Владата не е мотивирана од имиња и презимиња. Денешните одлуки не се мотивирани од тесно-партиски интереси на ниту една партија во Владата, сегашните или идните. За мене, овие одлуки не се врзани и не смеат да бидат поврзани со желбите, мотивите и барањата на било кое партиско раководство. И затоа, веднаш на почетокот сакам да прецизирам – денес ние сите носиме одлука дали и како ќе останеме на единствениот пат на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница на седницата на која се расправа за реконструкцијата на владиниот кабинет.

Тој додаде дека се носи одлука дали ќе останеме на патот на прогресот, развојот, стабилноста и извесноста или ќе дозволиме внатрешните и надворешните негативни фактори да ја втурнат државата во нова криза, нестабилност, непредвидливост и неред.

„Јас од самиот почеток изборот го направив. И тогаш, пред една година, и во цела 2022 година и денес, ни милиметар немам намера и нема да отстапам од тој правец. Точно знам што правиме и што треба да направиме, точно знаеме да разликуваме добро од лошо, точно знам да направам разлика од заедничкото и личното, точно знам што е државен и национален интерес, а што лични партиски, бизнис или профитерски интереси. И не калкулирам, и не се грижам за личниот рејтинг, и не тактизирам за дневни потреби“ рече Ковачевски.

Тој уште еднаш нагласи дека „нема назад“ од европскиот пат на земјава.

– Јас ветив дека ќе предводам на европскиот пат, а за вредна цел нема лесен пат. Патот е еден, изборот е одамна направен, нема време за губење и мора да се бројат само резултати. За мене, за нас, правецот е еден и нема гледање лево или десно. За назад не ни помислуваме и не ни помислувам, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот