Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

Фото: Профимедиа

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари.

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.

Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.

АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција” бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум” бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот