Речиси половина од активните случаи се во Скопје

Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од вкупно 5550 активни случаи на ковид-19 во земјава, речиси половината или 2674 се во Скопје. Најголем број – 534 има во општината Аеродром, а по неа се Карпош – 446, Центар – 445, Кисела Вода – 320, Гази Баба – 280, Ѓорче Петров – 216, Чаир – 115 и Бутел – 111.

Активни случаи има и во Илинден – 36, Сопиште – 21, Петровец –17, Шуто Оризари – 16, Сарај – 16, Чучер Сандево – 9, Арачиново – 8, Зелениково – 8, Студеничани – 5, 12 се странци, а 59 нераспределени.

Вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 5550. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти, починати се 12 лица од кои седум од Скопје ( возраст 56 год., 86 год., 71 год., 57 год., 41 год., 86 год. и 82 год.) и по еден пациент од Струга (67 год.), од Тетово (85 год.), од Битола (68 год.), од Кавадарци (56 год.) и пациент од Прилеп (63 год.).

Ковид пресек за последните 24 часа: Починаа 12 лица, 161 новозаболен и 154 оздравени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот