Ковид пресек за последните 24 часа: Починаа 12 лица, 161 новозаболен и 154 оздравени

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тест, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 90, во Куманово – 11, во Штип – 2, во Прилеп – 6, во Тетово – 5, во Велес – 4, во Кавадарци – 2, во Гостивар – 15, во Струмица – 8, во Крива Паланка – 1, во Радовиш – 1, во Кочани – 3, во Пробиштип – 2, во Берово – 6, во Валандово – 1, во Делчево – 2 и во Кичево – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од Скопје – 62, од Куманово – 6, од Штип – 4, од Прилеп – 6, од Тетово – 7, од Струга – 4, од Велес – 3, од Битола – 2, од Охрид – 3, од Кавадарци – 5, од Гостивар – 5, од Гевгелија – 2, од Струмица – 10, од Радовиш – 4, од Кочани – 12, од Пробиштип – 6, од Пехчево – 2, од Берово – 3, од Валандово – 4, од Свети Николе – 2 и од Кичево – 2.

Починати се 12 лица од кои седум од Скопје ( возраст 56 год., 86 год., 71 год., 57 год., 41 год., 86 год. и 82 год.) и по еден пациент од Струга (67 год.), од Тетово (85 год.), од Битола (68 год.), од Кавадарци (56 год.) и пациент од Прилеп (63 год.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9.942, активни 2.674

• Куманово 1.986, активни 225

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1.446, активни 159

• Прилеп 931, активни 226

• Тетово 1.727, активни 288

• Струга 749, активни 75

• Велес 433, активни 97

• Битола 466, активни 151

• Охрид 510, активни 86

• Кавадарци 323, активни 85

• Гостивар 1.040, активни 104

• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 588, активни 358

• Крива Паланка 178, активни 62

• Радовиш 172, активни 70

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 569, активни 195

• Пробиштип 141, активни 20

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 7

• Берово 170, активни 44

• Валандово 83, активни 47

• Виница 150, активни 49

• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 424, активни 58

• Кичево 418, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 771 тест се преку ИЈЗ – 368, преку ЦЈЗ Скопје – 45, преку „Биотек“ – 29, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 158, преку „Систина“ со PCR метода – 154, прекку Инфективна клиника – 10 и преку ГАК – 7. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на ковид-19, како и две деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” се примени две лица, а вкупно хоспитализирани се 47. На респиратор се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица, во Струга и во Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 115

• Гази Баба – 280

• Аеродром – 534

• Карпош – 446

• Центар – 445

• Кисела Вода – 320

• Ѓорче Петров – 216

• Бутел – 111

• Шуто Оризари – 16

• Студеничани – 5

• Сарај – 16

• Арачиново – 8

• Илинден – 36

• Сопиште – 21

• Чучер Сандево – 9

• Петровец –17

• Зелениково – 8

• Странец – 12

• Нераспределен- 59

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот