Рецепт за потпечени полнети солени палачинки: Одлична идеја за брз ручек или вечера

Фото: Cats Coming / Pexels

Ако сте љубител на палачинки, тогаш и солените ви се еднакво неодоливи како и слатките.
Полнетите солени палачинки се одлична идеја за брз ручек или вечера, во денови кога немате многу време за готвење. Фини солени палачинки, лесни за подготовка, а долго ќе ве држат сити. Може да се сервираат како топло предјадење, но и како главно јадење.

Состојки:
За тестото:

– 300 мл млеко
– 2 јајца
– 100 грама брашно
– малку масло
– сол

За филот:

– 100 грама сирење
– 100 грама шунка
– 1 лажица павлака

За преливот:

– 1 јајце
– 1 лажичка павлака
– малку млеко
– рендан кашкавал

Фото: Stockvault

Подготовка:

Состојките за тесто измешајте ги, така што прво ќе ги изматите јајцата, па ќе ги измешате со другите состојки. Испржете ги палачинките.

Измешајте ги состојките за филот и филувајте ги палачинките.

Филуваните палачинки наредете ги во подмачкан плех за печење. Потоа, прелијте ги со смесата за прелив. Печете околу 30 минути на температура од 200 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот