Рецепт за царска туршија, најубавата зимска салата

Фото: Профимедиа

Царската туршија е една од најпознатите зимници, која е одлично мезе, но и прилог на главно јадење во зимските денови што ни претстојат.

Мора да ја пробате, бидејќи само така ќе разберете зошто се вика царска туршија!

Состојки:

– 1 кг црвени пиперки
– 2 кг зелка
– 700 грама моркови
– 5 стебла целер
– Два карфиола
– Шеќер, сол, оцет

Подготовка:

Исечете го зеленчукот на парчиња со големина по желба. Зелката исечкајте ја ситно.

Измешајте го зеленчукот и редете го еден ред мешан зеленчук, еден сечкана зелка, додека не ја наполните теглата.

Во секоја тегла одат по една лажичка шеќер, една лажичка сол, 4 лажици бел оцет. Зовријте вода и дополнете ја секоја од теглите. Добро затворете и чувајте на темно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот