Рецепт на нутриционистката Маја Велковска за дијабетичари: Интегрални палачинки со брокула

Фото: Unsplash/Принтскрин - Фејсбук

Меѓународната федерација за дијабетесот (ИДФ) и Светската здравствена организација (СЗО) во 1991 година за првпат го одбележаа 14 ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот, честа болест, чиј број заболени денес изнесува 537 милиони лица низ светот, со тенденција за пораст во наредните две децении кога, според статистиката, би достигнала до 643 милиони.

По повод овој ден нутриционистката Маја Велковска, која стои позади профилот the_healthier_you_ и блогот thehealthieryou.mk, со нашите читатели сподели еден вкусен рецепт, во кој што може да уживаат и сите дијабетичари.

Состојки:

– 2 јајца
– 250 мл јогурт или кефир
– 100 грама сечкана свежа брокула
– ½ мало лажиче сол
– 4 полни големи лажици интегрално јачменово брашно
– 2 полни големи лажици интегрално ’ржано брашно
– 1 мала лажичка овесни трици
– 2 лажици маслиново масло или кокосово масло

Подготовка:

Само треба да ги измешате сите состојки, со маталка, и на крај да ги испржите/испечете палачинките на загреано тавче на малку кокосово или маслиново масло. Црпнете со лажица и сипете од смесата во тавчето за пржење, а откако ќе се потпечат на едната страна, свртете ги на другата страна и печете/пржете уште неколку минути. Комбинирајте ги со свеж зеленчук и намаз од маслинки и ќе добиете совршен оброк за појадок или за вечера!

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот