Реакција на НЛБ Банка Скопје: Претседателот на УО Антонио Аргир редовно и секојдневно ги извршува своите работни задолженија и одговорности

НЛБ Банка Скопје/ Фото : Архива

НЛБ Банка Скопје бара исправка на објавените, неточни наводи во емисијата Утрински Брифинг (од денеска, 06.10.2021) и на порталот „Слободен Печат“ дека „Директорот на НЛБ веќе подолго време отсуствува од земјава и престојува во Словенија и оттаму ја води економијата на банката во Скопје“.

Во интерес на точно и вистинито информирање, Ве молиме за исправка на ваквите наводи. Истовремено, во продолжение ви ги доставуваме точните информации кои бараме на соодветен начин да бидат објавени од Ваша страна.

„Антонио Аргир редовно и секојдневно ги извршува своите работни задолженија и одговорности како Претседател на УО на НЛБ Банка АД Скопје со мандат до јули 2023, со повремени службени отсуства. НЛБ Банка, како една од водечките македонски банки, која котира на берза, секогаш ги почитувала највисоките стандарди за транспарентно и одговорно деловно работење и комуникација со јавноста. Согласно ваквата своја стратешка определба, НЛБ Банка, за сите релевантни случувања и активности навремено ќе ги информира медиумите и јавноста. Истовремено упатува апел да не се шират непроверени информации и шпекулации кои можат да нанесат штета на Банката и на банкарскиот систем во целина“, соопштува НЛБ Банка Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот