Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави

Тој го реафирмира интересот за склучување договор за заштита на правата на македонското национално малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Северна Македонија, за што постои начелна позитивна подготвеност од двете страни.

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонската дијаспора, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе задоволството од степенот на интеграција на црногорската заедница во Северна Македонија, соопшти кабинетот на Адеми.

Тој го реафирмира интересот за склучување договор за заштита на правата на македонското национално малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Северна Македонија, за што постои начелна позитивна подготвеност од двете страни.

Министерот Адеми се сретна и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора, на која беше запознаен со нивните напори за формирање на Македонски национален совет, како и за можноста за институционална поддршка на тој процес.са

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот