РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ВО СРБИЈА: Уапсен шефот на дилерите, запленета дрога во вредност од пет милиони евра!

Фото: МУП Србија

Младен Новаковиќ (37), наречен Тоцило, од Србија, бил уапсен утринава во полициска акција во која биле запленети 77 килограми хероин, пренесува Курир.рс.

Здружението на граѓаните „Свети Сава“ од порано го каракетиризирало Новаковиќ како шеф на дилерите на дрога.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, рекол дека оваа акција на полицијата е продолжување на одличните резултати и бескомпромисната борба против трговијата со наркотици.

– Вредноста на запленетите наркотици се проценува на повеќе од 5.000.000 евра, а полицијата во текот на акцијата одземала и повеќе скапоцени автомобили – изјавил потпретседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а пренесува Курир.

Фото: МУП Србија

Имено, според официјални информации од полицијата во Србија, со 77 килограми кокаин и половина килограм кокаин, биле уапсени шефовите на криминални групи со иницијали М.Н., С.Н. и В.Ц, поради постоење на основа за сомнение дека извршиле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.

При претресот во домовите на осомничените, како и во повеќе локации кои ги користеле на територијата на Белград, била пронајдена дрога чија вредност се проценува на 5.000.000 евра, јавуваат српските медиуми.

Како што се сомнева, оваа организирана криминална група во претходниот период набавувала дрога од Турција, а потоа ја дистрибуирала ширум Србија.

Полицијата во оваа акција запленила и повеќе скапоцени автомобили и мотоцикли.

На осомничените им било одредено задржување во притвор од 48 часа, и тие сега, со кривична пријава, ќе бидат приведени од страна на Обвинителството оза организиран криминал во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот