Рашела Мизрахи на чело на Илинденската коњаница кон Мечкин Камен (ВИДЕО)

Рашела Мизрахи / Фото: Фејсбук

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи коњаницата којашто традиционално секоја година заминува кон Мечкин Камен за да учествува во прославата на празникот Илинден.

„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен“, сподели Мизрахи на социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот