Рама ја прослави победата: Повеќе од кога и да е, јас сум горд на Албанците

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанските социјалисти изборната победа ја прославија на плоштадот „Скендебег” во центарот на Тирана, на која пред присутните се обрати лидерот Еди Рама.

Старо новиот премиер рече дека ова е најтешката победа, но најголемата и најубавата победа за неговата партија.

-Ова е историски рекорд на овој голем тим на изворедни луѓе со извонредна сила и амбиции за Албанија и сила каква што нема друга во оваа земја. Ова е најтешката, најголемата и најубавата победа на Социјалистичката партија. Ова е историски рекорд на оваа голема екипа со извонредна моќ и амбиции за Албанија и сила каква што нема во оваа земја. Честитки со сето мое срце и голема прегратка до сите вас овде и насекаде, јас сум горд денеска како никогаш порано за вас, за секоја личност која се залагаше во кампањата и го даде најдоброто за нашиот тим, актуелни шампиони, повторно шампиони, порача Рама.

Порача дека како никогаш до сега е горд на Албанците и оти независно кој како гласал ќе биде премиер на сите.

-Повеќе од кога и да е, јас сум горд на Албанците, на обичните луѓе на оваа земја, кои со својот глас положија голем карактерен испит, во овој момент толку предизвикувачки за Албанија. Албанија гласаше, одлучи, победи. Мега проекти за подобра иднина на сите нас, рече тој.

Упати отворена покана до Демократската партија за соработка, велејќи дека третиот мандат ќе го посвети на обединување, а не на кавги.

Рама рече дека „време е да се подаде рака на ПД”, истовремено потенцирајќи дека политиката е „единствената сила што може да ги обедини и да ги спои војната и мирот”.

-Признај го поразот достоинствено, со убедување дека направи колку што можеше. Поддаваме рака за соработка, гласеше дирекната порака до лидерот на демократите Љуљзим Баша.

Рама го придружуваше неговата сопруга Линда. Тој и се заблагодари нејзе, како и на нивните деца за подршката, трпението и љубовта што му ја даваат.

Емотивно кажа дека дека ова е негова прва победа без физичко присуство на неговата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот