Рама: ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука

Aлбанскиот премиер Еди Рама на Првиот Економски форум во Скопје / 23 јуни 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по учеството на Првиот Економски форум Скопје.  

-Што и да се случи, што и да се одлучи во Брисел ние ќе останеме посветени да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство.  ЕУ може да поставува задачи, може да поставува рокови, датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и С Македонија кои се наоѓаат во средината на Европа, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, вели Рама коментирајќи ја новата блокада од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ на двете земји.  

-Албанија ја има завршено својата задача уште од времето на Ѓерг Кастриот и на своите преродбеници. За нас Сонцето изгрева таму каде што заоѓа и никој не може да ни ја промени местоположбата.  ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, рече Рама.  

Напредокот ќе продолжи со сите сили затоа што тој не ни се наметнува од надвор, туку од нас самите внатре.  – Прогресот ќе продолжи бидејќи ние сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на ЕУ кон нас, нагласи Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот