Рама добитник на награда за солидарност

еди рама интервју франс24
Еди Рама, премиер на Албанија / Фото: Скриншот ТВ Франс24

На албанскиот премиер Еди Рама, на свеченост организирана во Њујорк, му беше врачена наградата за солидарност од страна на Организацијата „Vital Voices Global”.

Истата му се доделува за гостопримството што Албанија им го даде на авганистанските бегалци, нудејќи им сместување, образование, медицински услуги и психосоцијална поддршка.

Наградата му ја врачи поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, воедно и една од основачите на организацијата.

-Многу меѓународни лидери не беа подготвени да направат многу. Дури и на прашањето, секогаш во случај да одговорат позитивно, обврските што ги преземале биле многу мали. Сепак, имаше мал број лидери, кои изразија подготвеност во време на голема потреба. На врвот на оваа листа е премиерот Еди Рама, рече Клинтон, пренесува Ора њуз.

Заблагодарувајќи се на честа, Рама изјави дека „херои беа другите. Херои беа Албанците – Горд сум на Албанија” на кои им ја посветува наградата, додавајќи дека хуманоста, херојството и солидарноста Албанците ја докажале многупати, посочувакќи го примерот со 3.750 Евреи кои за време на Втората светска војна „не им ги предале на нацистите, иако биле свесни дека може да изгубат се”.

Премиерот Рама на свеченоста го придружуваа неговата сопруга Линда и помалиот син Захо.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот