РАКЕТЕН НАПАД ВО ИРАК: Погодена американската воена база во Киркук

Базата „К1“ последен пат е нападната на 27 декември, кога загина еден Американец.

Извршен е ракетен напад на ирачката воена база во Киркук, во која се сместени американси војници, јавува АФП, повикувајќи се на безбедносни извори од Ирак и САД.

Засега нема податоци за тоа дали некој загинал или е ранет во нападот, пренесува Спутник.

Уште не е познато кој ги испалил ракетите кон базата.

Базата „К1“ последен пат е нападната на 27 декември, кога загина еден Американец.

Вашингтон за нападот во декември ја обвини групата „Катаеб Хезболах“, а американското воено воздухопловство одговори на нападите во кои беа убиени 25 припадници на таа група.

Набргу потоа, американската војска изврши напад со дронови на аеродромот во Багдад, во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот