Радев: За информација на Скопје- нема да ја ревидираме Преговарачката рамка

Бугарскиот претседател Румен Радов утрово реагираше на вчерашната церемонија на инагурацијата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова кога во свечената заклетва го употреби само името „Македонија“ иако претседателот на Собранието Јован Митрески прочита  „Република Северна Македонија“.

-По повод завршената изборна кампања во Република Северна Македонија и церемонијата на инаугурација на новиот претседател на државата, сакам да констатирам дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност и со Договорот  за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 г., како и други меѓународни договори кои РСМ ги има потпишан, соопшти Радев.

„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам и дека РСМ е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности. Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од строгата имплементација на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрената од Европскиот совет во јули 2022 година Преговарачка рамка, која за информација на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира, предупредува шефот на бугарската држава.

Медумите во Бугарија ги пренесуваат вчерашните изјави од челниците од Европската унија кои ја повикаа Сиљановска да го почитува Преспанскиот договор.

 

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми и да размисли за одговорностите кон иднината на својот народ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот