Рачно напишан текст на Дејвид Боуви пристигна на аукција, се очекува да достигне цена од околу 115.000 евра

Фото: EPA/Фејсбук/„Омега“

Рачно напишаните стихови на Дејвид Боуви за две негови песни наскоро ќе се најдат на аукција во Велика Британија, а проценките се дека белешките на Боуви би можеле да достигнат цена од 100.000 фунти (околу 115.000 евра), пишува „Би-би-си“.

Белешките на Боуви покажуваат корекции и чкртаници на текстовите при создавањето на песните „Rock n Roll Suicide“ и „Suffragette City“. И двете песни се дел од неговиот познат албум „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“ од 1972 година.

Во писмото, што доаѓа со текстовите на песните на Боуви, се наведува дека Боуви му ги дал белешките на оригиналниот сопственик од студиото „Тридент“, како и други страници со оригинални текстови. Сепак, повеќето од нив не се зачувани.


Страницата со белешките потоа беше позајмена на најголемиот музеј за применета уметност и дизајн во светот – „Викторија и Алберт“ во Лондон, Велика Британија. Таа беше дел од петгодишна изложба, од 2013 до 2018 година.

Белешките на Боуви, проценети на 50.000 до 100.000 фунти, ќе бидат дел од утрешната аукцијата на „Омега“.

Страница со рачно напишаните стихови на Боуви за хитот „Starman“, претходно беше продадена на аукција за 165.000 фунти.

Да потсетиме, Дејвид Боуви почина во јануари 2016 година, на 69-годишна возраст, од рак на црниот дроб.

Скапоцена архива: Над 80.000 предмети на Дејвид Боуви ќе бидат претставени на изложба во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот