Работник се здоби со изгореници при пожар во фабрика во Горно Седларце

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Работник се здобил се изгореници на телото откако пожар избувнал во фабриката во која работел во тетовското село Горно Седларце.

Работникот се здобил со повреди  при гаснење на пожарот и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Опожарени се суровини за производство и дел од опремата на фабриката, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица.

Увид извршила полициска екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот