Работник од Велес паднал од покрив на фирма и се здобил со тешки повреди

Вчера околу 12.00 часот 58-годишниот велешанец В.А. извршувајќи работни задачи во приватна фирма во Велес, се здобил со повреда, по што бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош,информира од СВР Велес портпаролот Верољуб Додевски.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова работникот се здобил со повреди при пад од покрив на една велешка фирма каде работел и се здобил со тешки повреди.

-Работникот итно бил примен во нашата болница и сниман томографски и има повреда, фрактура на 12-тото ребро и фрактура на череп со крварење во мозокот. По укажаната медицинска помош од велешката болница со возило на Итна помош итно бил пренесен на понатамошно лекување на Клиниката за Неврохирургија во Скопје, информира д-р Неделковска Николова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот