Работнички го донесе и репрезентативецот Вашингтон

Екипата на Работнички за неполн ден откако му беше укината суспензијата од ФИБА за трансфери, ангажира дури тројца нови кошаркари со кои ќе атакува на трофеите во Купот на Македонија и во првенството.

По ангажманот на Стефан Младеновиќ и на Ксавиер Џонсон, денеска тимот од Градски парк го донесе најзвучното засилување, Дариус Вашингтон.

Американецот кој настапува за македонската репрезентација доаѓа од редовите на грчкиот второлигаш Ираклис. Претходно во кариерата има настапувано за ПАОК, Галатасарај, Лотоматика Рома, Турк Телеком, Хапоел Елијат, Ле Ман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот