Путин се двоуми за учеството на самитот на Г20 во Индонезија

Владимир Путин
Владимир Путин /EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одлучил дали ќе присуствува на Самитот на Г20 во ноември во Индонезија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор со новинарите изјави дека Русија има покана да присуствува и дека „во догледно време” ќе се донесе одлука дали Путин физички ќе присуствува на состанокот.

Западните лидери размислуваат како да пристапат на самитот доколку дојде Путин, а британскиот премиер Борис Џонсон ги повика колегите да не го бојкотираат, дури и ако рускиот претседател одлучи да присуствува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот