Путин -Пашинијан: Рускиот претседател сега ќе ја решава ситуацијата во Нагорно Карабах

Путин со Алиев и Пашинијан
Една година од мировниот договор/Рускиот претседател Владимир Путин заедно со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев/ Фото EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV /

На денешната средба во Санкт Петербург помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан се разговараше за билатералните односи, како и за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Неодамна имавме состанок на меѓувладината комисија, колегите забележаа дека ситуацијата во нашата економија се развива многу позитивно. За 10 месеци од оваа година, трговскиот промет е зголемен за 73 проценти, што е добар резултат, истакна Путин.

Тој наведе и дека Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера разговарале за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах за време на неформалниот состанок на шефовите на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).

Почнавме да разговараме вчера и, се разбира, главното прашање е решавањето на ситуацијата во Јужен Кавказ во целост и ерменско-азербејџанските односи, сè што е поврзано со Карабах, посочи Путин.

На 26 и 27 декември во Санкт Петербург се одржува неформален состанок на шефови на држави на Заедницата на независни држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот