Путин ја прими втората доза од вакцината против ковид-19

Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја прими втората доза вакцина против ковид-19, три недели по првата вакцинација.

– Сакам да ве информирам дека ја примив и втората вакцина. Се надевам дека се ќе биде во ред. Не се надевам, туку сум сигурен во тоа, истакна Путин.

Тој исто така изрази надеж дека „пандемијата наскоро ќе заврши, помеѓу другото, благодарение и на активната вакцинација што се спроведува во земјата”.

Путин за разлика од другите лидери, двете дози од вакцината не ги прими пред камери, ниту пак информираше која од трите руски вакцини ја примил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот