Путин и понуди на Саудиска Арабија руско оружје: Одлучете мудро, како Иран и Турција

Фото: ЕПА

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска и понуди на Саудиска Арабија руско оружје. Неговата понуда уследи по нападите врз саудиските нафтени постројки.

– Подготвени сме да обезбедиме значителна помош за Саудиска Арабија и земјата би донела мудра државничка одлука како што своевремено направи Иран со купувањето на С-300 и како што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган направи кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија – изјави Путин во Анкара, каде присуствува на трилатералната средба (Турција – Иран – Русија) за Сирија.

Путин додаде дека таквото оружје би ја заштитила секоја инфраструктурна постројка во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот