Психологот Муртезани: Во недостиг на спортски и културни објекти во Тетово, децата најчесто завршуваат во казино

казино
Фото: Unsplash

Се повеќе деца може да се забележат во објеките каде се приредуваат игрите на среќа. Дел од нив се лоцирани и до самите училишта, па учениците на голем одмор или пред и по завршувањето на наставата се најчести гости.

Универзитетскиот професор по психологија Лулзим Муртезани вели дека бил сведок како деца играат на апарати во едно казино во центарот на Тетово. Ваквата слика е загрижувачка, но не зачудува ако се земе предвид фактот во какво неизвесно општество живееме, на кои се најподложни токму децата.

Фото: Слободен печат

„Ние сме сите сведоци на некои збиднувања од социјален карактер, но и економски, кои веќе предизвикуваат кај граѓаните вознемиреност, загриженост и неизвесност. Неизвесноста е непријатно чуство кај човекот и сега на жалост таа колективна неизвесност се изразува кај децата и младите. Постојат две опции на соочување со неизвесноста.Првата опција е рационално реагирање на ситуацијата со која се соочуваме, тоа значи разум, искуство, менаџирање. Вториот начин е нездрав начин, деструктивен начин или бегање од реалноста, а тоа подразбира деструктирно однесување зависнот од алкохол, дрога и зависнот од игрите на среќа“, вели Универзитетскиот професор по психологија Лулзим Муртезан.

Мора да се работи на создавање пред се на инфраструктурни услови за младите каде остатокот од денот после завршувањето на часовите квалитетно ќе го поминат времето, дополнува Муртезани.

„Нормално би било таа градска инфраструктура да биде уредена, да има услови за младите, како што е вообичаено во западните земји. Но, кај нас што се случува, каква средина имаме. Дали младите кога излегуваат од својот дом ќе наидат на објекти од културен или спортски карактер или ќе наидат на казино или спортски обложувалници. Каде е тука проблемот? Има големо негативно влијание оти децата во адолесценцијата веќе ја градат личноста, тука е проблемот. Децата поради нивното неискуство не се во состојба логички да размислуваат, а имаат инстинкт на откривање. Што е тоа?, дај да пробам и тие наидуваат на тие објекти каде се приредуваат игри на среќа и влегуваат во нив. Тие деца се хипнотизирани од игрите на среќа. Тука е проблемот. Во оваа ситуација се пореметува здравото расудување на децата, ако тие се зависни од игрите на среќа тие смислата на животот ќе ја гледаат низ призмата на среќа и награда. Целата нивна смисла на животот ќе се сведува на тоа како до полесен начин на заработка и на наградување и се разбира корупција.Тоа е она кое нас треба да не плаши“, вели универзитетскиот професор по психологија Лулзим Муртезани.

Тој вели дека во решавање на овој проблем со далекусежни последици голема улога треба да има семејството, образованието, но и дел од државните институции како и невладини организации. Само заедничкиот пристап ќе даде резултати.

„Во последно време семејството се повеќе ја губи моќта за едукација на децата, затоа што големо влијание имаат средствата за масовна информација, социјалните мрежи и слично. Тука треба малку родителите да обрнат поголемо внимание оти овие фактори веќе станаа покомпетентни од самите родители. Мора да има едукативни кампањи, тоа е важен начин за превенција од употребата на игрите на среќа. Начинот како ние ќе делуваме како ќе се однесуваме кон оваа појава не може да биде едносмерен. Образованието ја има својата улога. Акцентот кај нас е учениците да ја научат математиката, некои науки и слично, а малку се работи на социјални вештини, воспитување. Треба да има еукација и од невладините и од центрите за социјални работи. Мора да има мултидимензионален пристап за решавање на проблемот“, вели психологот Муртезани.

„Бараме што поскоро да се изгласа Предлог законот игри на среќа оти во меѓувреме додека чекаме пратениците да гласаат за него, во Тетово се отвораат се повеќе нови казина и обложувалници“ истакнаа месецов од Здружението Анти коцкање. Оттаму дополнија дека загрижува фактот што ваквите објекти каде се приредуваат игри на среќа се покрај воспитно-образовни институции. Законот е поминат во собраниските комисии, останува уште пратениците да гласаат за него.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа велат дека со изгласувањето на законот ќе се стави клуч на овој сектор, а 10 000 луѓе ќе останат без работа.

Оттаму велат дека се подготвени да разговараат за нови законски решенија околу игрите на среќа, но и тие како Асоцијација да бидат вклучени во процесот.

Инаку новиот Предлог законот за игри на среќа, предвидува казината и обложувалниците, да бидат одалечени од училиштата најмалку 500 метри.

Анти коцкање бара итно изгласување на Предлог законот за игри на среќа, АПИС вeли 10.000 лица ќе останат на улица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот