Првото место им носи 40.000 евра на ракометарите

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одлучи, да ги награди ракометарите доколку обезбедат пласман на ЕП 2020 година. Доколку ракометарите го освојат првото место во групата 3, ќе поделат премија од 40.000 евра, а доколку завршат на второто место,  наградата изнедува 30.000 евра.

До крајот на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година, на ракометарите им преостануваат уште два натпревари до крајот, на 12 јуни играат како гости во Турција, додека на 16 јуни, во Скопје ја пречекуваат селекцијата на Грција.

Македонија моментно се наоѓа на првата позиција на табелата во групата 3 со пет бодови, исто како и Исланд, но „црвено-жолтите“ имаат подобар меѓусебен скор.

Управниот одбор на РФМ, го оцени како неуспех и освојувањето на 15. место на Светското првенство кое се одржа во јануари годинава.  Според, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, целта била пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот