Првиот човек на Голден Стејт се обидел да го доведе Леброн Џејмс?!

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Aмериканските медиуми откриваат информации од последните денови за трејд во НБА.

Имено, Голден Стејт бил заинтересиран да го доведе Леброн Џејмс и тоа во „блокбастер-трејд“ од Лос Анџелес Лејкерс. Првиот човек на клубот Џо Лејкоб се јавил на сопственичката на Лејкерс, Џини Бас и прашал дали Леброн е достапен за трејд, тврди „ЕСПН“.

Одговорот на Лејкоб била дека прво мораат да го прашаат самиот играч кој во претходниот период испраќаше фрустрирачки пораки на социјалните мрежи. Така претседателот на Вориорс директно го побарал агентот на Леброн, Рич Пол. Пол ги негирал гласините и му потврдил дека Леброн сака да остане во Калифорнија.

Се шпекулира и дека покрај Голден Стејт, обид да го доеде Леброн имала Филаделфија. Леброн веќе има 39 години, меѓутоа се уште игра на високо ниво во најсилната кошаркарска лига во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот