Прва средба помеѓу Душко Тошиќ и Огнен Врањеш по се*с скандалот: Се гледале во очи и … (ФОТО)

Профимедиа, Дамир Дервишагиќ, Немања Николиќ

Душко Тошиќ и Огнен Вранеш се сретнаа првпат по порно-аферата која го потресе Балканот, каде главни актери беше токму босанскиот фудбалер и Јелена Карлеуша.

Шок-средбата се случила на стадионот на Партизан, каде двајцата фудбалери дојдоа да го пратат дербито помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан.

– Душко дојде со помлата ќерка Ника и се смести во прв во ложата. Друштво му правеа негови пријатели и може да се каже дека беа добро расположени. По 15 минути на само две ложи од неговата се појави Огњен Вранеш со пријателите. Буквално на целата трибина завладеа молк. Сите гледале во нив двајца и очекуваа реакција – изјавил изворот кој се нашол на лице место.

– Набрзо пријателите на Душко го известиле дека во непосредна близина е Врањеш, но Тошиќ само климнал со главата без да се заврти на местото каде тој седел. Во еден момент тие двајца се погледнаа во очи, што се чинеше дека во секој момент ќе се пресметаат – раскажал изворот.

Како што вели очевидецот, Врањеш цело време му се смеел во лице, додека Душко не ја криел нетрпеливоста кон колегата, а тоа најдобро го покажувало неговото лице. Пријатели кои дошле со Тошиќ изјавиле дека тој цело време внимавал да не забележи неговата ќерка дека е нерасположен, па се трудел да ја забавува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот