Прва посета на Лапид во Мароко по норамлизирањето на односите

Јаир Лапид/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид денеска го посети Мароко за прв пат по нормализирањето на дипломатските односи со Израел, пренесува Ројтерс.

Израел и Мароко ги поправија своите дипломатски односи во декември и повторно пуштија во употреба директни летови врз основа на договорот со кој Вашингтон го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Лапид за време на дводневната посета ќе ја отвори израелската дипломатска мисија во Рабат, посетувајќи го храмот Бет-Ел во Казабланка и ќе разговара со својот колега Насер Боурито, пренесуваат од неговата канцеларија.

„Оваа посета е продолжение на долгогодишното пријателство кое има длабоки корења и традиција кои имаат џиновско значење за двете земји“ изјави Лапид.

Мароканските власти го опишаа договорот како продолжување на односите кои паднаа на ниско ниво во 2000-та година, како знак за солидарност на Мароко со Палестинците кои го започнаа бунтот таа година.

Мароко ја имаше една од најголемата еврејска заедница во регионот до основањето на Израел во 1948 година. Евреите биле протерани од многу арапски земји, а се проценува дека околу 250.000 Мароканци го напуштиле Мароко за Израел помеѓу 1948 и 1964 година.

Израелска делегација, во придружба на Џерад Кушнер, во Мароко за надградба на билатералните односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот