Прва лига: МЗТ Скопје Уни Банка без поголеми проблеми со КК Ангели

КК Ангели го запиша вториот триумф во македонскиот кошаркарски шампионат/Фото: kfsm.mk

Екипите на Ангели и МЗТ Скопје Уни Банка го затворија второто прволигашо коло, на крајот гостите убедливо славеа со конечен резултат 73:90.

Доста израмнето и релативно ефикасно се играше во првото полувреме од овој последен меч од второто првенствено коло. Со забелешка дека гостите од Аеродром беа тие кои во првиот период од играта направија сосема солидна предност од (28:19). Но, ја загубија во текот на вториот во кој новакот во прволигашка конкуренција. На минута и пол пред крајот на првото полувреме, Ангели намали на (42:44), но по пеоните на Петровски, од линијата за слободни фрлања, МЗТ Скопје Уни Банка замина на голем одмор со (46:42).

По нешто повеќе од три минути од продолжението, гостите од Аеродром одново дојдоа и до двоцифрена позитива, (56:45). До истекот на тој дел од играта се разигра и Рансом, па екипата која од клупата ја предводи Перо Блажевски, додаде уште еден поен во позитивата (67:55).

Гостинската серија продолжи и во последната делница, во која Андоноски беше третиот двоцифрен кошаркар кај МЗТ Скопје Уни Банка. Екипа која со нови пет поени, имаше уште повисоки, сега и недостижни (72:55).

Кај стрелците во победничките редови по 18 поени имаа Митевски и Петровски, еден помалку Рансом (девет асистенции), а на спротивната страна 21 поен запиша Мандерсон (10 скокови).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 89:71

ТФТ – Еуро Никел 2005 85:71

Гостивар – Куманово 2009 85:72

Навико Академија ФМП – Пелистер 66:89

Работнички – Феникс 2010 94:90

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 73:90

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот