Прва изјава на староновиот бугарски претседател: Преговорите со Северна Македонија меѓу приоритетите

Фото: МИА

„Имаме уште многу сериозни напори пред нас, но Бугарија излегува од стагнацијата и автократијата на патот на развојот, слободата и модернизацијата“, рече Румен Радев во своето официјално обраќање по победата во вториот круг, заблагодарувајќи им се на оние кој го поддржа.

Според Радев, двата круга од претседателските избори овој месец ја покажуваат јасната желба на бугарскиот народ „да раскине со корупцијата, грабежот и беззаконието, да ја отстрани мафијата од власт“. Според него, и покрај огромните потрошени ресурси и лажните вести, статус кво не успеа да се врати на бел коњ, пренесуваат бугарските медиуми.

Бугарскиот претседател, исто така, јасно ја постави политичката агенда за земјата во наредните месеци.

„Луѓето очекуваат да видат чисто парламентарно мнозинство за преземање итни реформи во судството, за да се спречи социо-економска криза во текот на зимските месеци, да се обезбедат оние кои имаат потреба, да се носат одлуки одложени со години“, рече реизбраниот претседател.

Тој укажа и дека борбата против пандемијата, како и преговорите со Република Северна Македонија (во кои не може да отстапи од националните позиции) се исто така клучни приоритети на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот