Заев му ја честиташе победата на Радев: Бугарија и Северна Македонија низ дијалог ќе бараат решенија

Зоран Заев и Румен Радев/ Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев телефонски му ја честитал победата на Румен Радев на претседателските избори во Бугарија.

„Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, објави Заев на својот Фејсбук профил.

Противкандидатот на Радев, Анастас Герџиков вечерва го призна изборниот пораз со вториот круг. Актуелниот шеф на државата Румен Радев освои двојно повеќе гласови од противкандидатот Герџиков, објавија бугарските медиуми.