Петков: Румен Радев е претседателот со кој ќе продолжи промената

Фото: МИА

 Румен Радев е претседателот со кој ќе продолжи промената. Ова го изјави Кирил Петков – лидер на истоимената партија која победи на парламентарните избори минатата недела. Тој рече и дека процесот на формирање влада е транспарентен и дијалошки.

-Претседателот Румен Радев е вистинскиот избор за Бугарија, изјави Кирил Петков, цитиран од БНР.

Претходно денеска кога го оствари своето право на глас на претседателските избори ги коментираше и преговорите за формирање на кабинет. Веќе се формирани 18 преговарачки тимови за клучните приоритети за кои ќе се бара договор.

-Се надевам дека ќе имаме дијалошки разговори за да видиме кои се нашите заеднички идеи во стратегиите. Ќе разговараме и за разликите. Целата бугарска јавност ќе може да има целосен пристап до информациите за тоа како се водат преговорите. Се ќе се емитува онлајн и се надевам дека оваа транспарентност ќе даде дополнителен дијалог меѓу партиите”.

Според него, при формирање влада нема да се следат рокови по секоја цена.

-Целта ќе бидат конструктивни, детални преговори, кои подоцна ќе ги исклучат конфликтите меѓу партнерите, изјави Кирил Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот