Прв случај на коронавирус во Гевгелија, се прави епидемилошко истражување за изнаоѓање на лицата со кои било во контакт

Фото: Википедија

Направена е епидемиолошка анкета на лицето и членовите на потесното семејство со цел лоцирање на изворот на заразата, напиша Олумчев на својот ФБ профил.

Лицето од Гевгелија кај кое вчера беше потврдено присуство на коронавирусот е ставено во домашен карантин, заедно со членовите од семејството со кои живее. Ова е прв случај регистриран во Гевгелија, а епидемилогот Сашо Олумчев, од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во овој град, вели дека веднаш е постапено согласно алгоритмот пропишан од СЗО за дефиниција на случај.

-Во моментот се врши епидемиолошко истражување со цел изнаоѓање на сите лица кои биле во близок контакт со заразеното лице. Направена е епидемиолошка анкета на лицето и членовите на потесното семејство со цел лоцирање на изворот на заразата, напиша Олумчев на својот ФБ профил.

Олумчев информира дека ќе се тестираат членовите на најблиското семејство и дека ќе се трага по лицата кои оствариле близок контакт со заразеното лице заради анализа од можните ризици за ширење на инфекцијата и преземање мерки за пресечување на сите можни синџири на заразата.

Покрај се, епидемиологот д-р Олумчев апелира до граѓаните на општина Гевгелија да останат смирени и да имаат доверба во системот.

ФОТО: Википедија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот