Прв по цели 18 години: „Ролинг стоунс“ утре ќе објават нов студиски албум

„Ролинг стоунс“ / Фото: Твитер/„Ролинг стоунс“

Легендарната рок-група „Ролинг стоунс“ ќе објави нов студиски албум по цели 18 години. Исто така, ова ќе биде прво музичко парче по смртта на долгогодишниот член на групата, тапанарот Чарли Вотс.

Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд утре ќе гостуваат во шоуто на познатиот американски водител Џими Фалон, каде официјално ќе го промовираат новиот албум „Hackney Diamonds“ и ќе споделат повеќе детали за него, пренесе „Асошиејтед прес“.

„Хакни (лондонската населба Хакни), можеби, е срцето на ‘Hackney Diamonds’, но ова е навистина момент што сакаме да го споделиме со обожавателите ширум светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната веб-страница на групата.

„Hackney Diamonds“ ќе биде првиот албум со нов материјал на „Ролинг стоунс“, по албумот „A Bigger Band“, кој беше објавен во 2005 година.

ВИДЕО | Кога ќе те прободи Аморова стрела: Песни инспирирани од голема, вистинска љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот