Проверете кои делови од Скопје утре ќе останат без струја и вода

струја

Без струја утре од 8.30 до 11.30 ќе бидат корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов” бр. 123 во Кисела Вода, а во оваа општина струја од 8.30 до 14.30 часот ќе немаат и корисниците на ул. „Јанко Мишиќ”.

Најавениот прекин е заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) по известување добиено од „ЕВН Македонија”.

Електрична енергија утре ќе нема и во делови на Карпош – од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Јурин Гагарин” со броеви: 24, 30, 36а, 44а,  52, 58 и 70,  бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр. 92, дел на ул. „Струшка” и ул. „Козле” од бр. 140 до бр.172, како и корисниците од објектите околу фирмата „Вериан ДООЕЛ” на бул. „Илинден”.

Од 12 до 14 часот во општина Карпош струја ќе немаат и корисниците од објектите околу фирмата „Дот мебел” на бул. „Илинден”.

РЦУК соопшти и за прекинато водоснабдување утре од 9 часот за корисниците на дел од улиците „Кирил и Методиј” и „Даме Груев” во општина Центар.

Според известување од  ЈП „Водовод”, прекинот ќе биде поради  отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот