Противпожарниот воз во секој момент на готовс

фото: МИА

На  железничката станица во Велес од 1 јули до 15 октомври во функција е противпожарниот воз со два вагона и четири резервоари цистерни со по 20 или вкупно 80 тони вода што ја покрива целата пруга во земјава од Велес до Гевгелија, Кременица Битола, Кочани, Кичево и Табановци.

Возот за кој во секој момент е обезбедена локомотива може да гасне пожари до 50 метри од двете страни околу пругата. Воедно со противпожарниот воз при случаи на големи пожари, а каде што нема услови од друмскиот сообраќај врши дотур на вода на противпожарните цистерни на противпожарите единици од сите градови долж пругата.

Како што информираат за МИА, од Железничката станица во Велес овој противпожарен воз во изминатите над 20 лета им бил на голема помош при голем број пожари на противпожарните единици од сите градови во земјава, а и на месното население долж пругата.

Возот воедно учествувал и при горење на сува трева и шума околу самата пруга.

Тие информираат дека возот ова лето за 40-тина дена, откако е во фунција немал интервенции, но екипата од три обучени пожарникари – еден командир и двајца пожарникари вработени во Македонски железници, во четири смени 24 часа се подготвени.

Тие појаснуваат дека водата за резервоарите цистерни на противпожарниот воз се полни од хидрантите на секоја Железничка станица долж пругата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот