Протест пред Влада со цел одземање на концесијата за рудникот Иловица-Шутка

Фото: Принтскрин МИА

На 23 ноември со почетокот од 12 часот, активистите против рудници на Југоистокот, ќе одржат мирен протест за одземање на концесијата за рудникот Иловица-Шутка.

Во јули 2019, Министерството за eкономија го одби барањето за дозвола за експлоатација, 3 години после законски рок, а таа одлука ја потврди и Второстепената комисија, во октомври. Веднаш потоа Министерството за економија го потпиша предлог решението за еднострано раскинување на концесијата и го стави во владина процедура.

– Свесни сме дека за месец и половина ќе дојде техничка влада и дека тогаш ќе нема ингеренции да решава за ова важно прашање. Затоа е овој мирен протест, за да ја потсетиме и охрабриме Владата да постапи согласно заложбите и потребите на граѓаните кои се доста јасно изразени. Свесни сме дека Владата ги имаат аргументите и знаат дека законот е на наша страна за што и веќе направија исчекор во вистински правец. Останува само да се заврши до крај ова работа и да се одземе концесијата на Еуромакс Ресурси согласно законот за минерални суровини – велат активистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот