Протест на погребот на младиот Палестинец кој загина за време на дивеењето на еврејските доселеници

Израел и Палестина немири / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Палестинците се собраа да протестираат за време на погребот на 19-годишен маж кој беше убиен од израелски оган за време на дивеењето на еврејските доселеници во палестинската населба Хувара, каде често има конфликти, пишува Н1инфо.рс

Младиот човек бил убиен за време на ескалација на тензиите кои се случиле за време на еврејските верски празници. Сепак, се уште не се знае кој го испукал куршумот од кој загина Лабиб Думаиди од населбата Хувара.

Израелската армија соопшти дека војниците застрелале Палестинец кој фрлил тула врз израелско возило. Сепак, Палестинците во Хувара тврдат дека еврејски доселеник го убил Думади кој бил студент по графички дизајн на блискиот технички универзитет, додека стоел на покривот и ги гледал судирите меѓу еврејските доселеници и Палестинците.

Насилството се интензивираше и од почетокот на оваа година беа убиени речиси 200 Палестинци, најмногу во последните две децении. Во исто време, во палестинските напади врз Израелците, меѓу кои има и странци, загинаа околу 30 луѓе. По пукањето во израелскиот автомобил на патот низ Хувара, толпа луѓе од блиската еврејска населба влегла во палестинската населба.

Израел го освои Западниот Брег со Источен Ерусалим и Појасот Газа во Шестдневната војна во 1967 година. Палестинците се стремат да основаат независна држава на таа територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот