Проработе конкуренцијата: Платформа во Грција нуди лажни сертификати за вакцинација со двојно пониска цена од бугарските

Проверка на зелен картон за вакцинација/ Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Грчките медиуми открија скандал со издавање на зелени картони за вакцинација во Грција преку онлајн платформа, откако пред неколку дена јавија дека грчки државјани одат во Бугарија и таму си набавуваат фалс документи дека се вакцинирани по цена од 300 евра.

Лажни сертификати за вакцинација па дури и негативни ковид тестови се продаваат без проблем на интернет, јави грчката телевизија Мега. Новинарско истражување откри дека сертификатите се продаваат за 160 евра, и секој може да добие валиден сертификат дека е вакциниран.

Негативните антигени тестови исто така се продаваат за 60 евра и се порачуваат од лица кои знаат дека се позитивни, но им требаат за да одат на работа или во посета на јавни места.

Скандалот со лажни зелени сертификати во Грција е разоткриен во август, кога полицијата откри мрежа на центри за вакцинација кои издавале сертификати главно на доктори и нивните роднини.

Сертификати од Бугарија исто така се набавувани во рок од само неколку дена со плаќање 300 евра за услугата, но конкуренцијата веќе ја собори цената, нудејќи лажни зелени картони за половина цена, објавија новинарите кои го открија новиот скандал.

Министерството за правда предложи измени на законот за да се казни употребата на документи со лажна содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот