Пронајдени килограм ипол марихуана, приведен скопјанец

Пронајдената марихуана/Фото: МВР

Ноќеска, од страна на полицајци од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршен бил претрес во дом на дваесет и петгодишен скопјанец со иницијали Б.А.

При претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм.

Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот