Промоција на романот „Бахус“ од Сашо Кузмановски ќе се одржи во новата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Покана за промоцијата на романот „Бахус“

Во новата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ (од 6 до 20 февруари), на 9 февруари (петок), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“. Низ разговор со авторот, романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска.

Романот „Бахус“ е втор, независен дел од предвидената трилогија на Сашо Кузмановски, во која главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Како и во дебитантскиот роман „Афера во музејот на пари“ („Арс либрис“, 2021), и во „Бахус“ авторот се претставува со своето раскошно познавање од историјата на Македонија, овојпат надградено со исцрпно истражување на обредите и култовите во античкиот град Стоби, поврзани со познатите церемонии „баханалии“ во чест на римскиот бог на виното.

„Бахус“ е исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација.

Сашо Кузмановски (1979) по професија е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година, кога првпат добива своја авторска радиоемисија во некогашното „Радио Оаза“ во Скопје. По 1996 година продолжува како новинар во радио „Канал 4“, кое неколку месеци подоцна се промовира како прво спортско радио.

Покрај новинарската и водителската работа, почнува да се занимава и со спортско репортерство. Во периодот 1998-2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“. Од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот