Јове Кекеновски / Фото: Јутјуб / скриншот

Професорот Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светско првенство за хармоникаши

Професорот по политички науки и виртуоз на хармоника, д-р Јове Кекеновски, ќе ја претставува Република Македонија на Светскиот трофеј 2025 (Trophée Mondial de l’Accordéon), кој ќе се одржи од 25 ноември до 1 декември 2025 година во градот Монтаржис, близу Париз, Франција.

Кекеновски обезбеди учество на најпрестижниот светски натпревар за хармоникаши откако победи во својата категорија (13Б, од 60 до 80 години) на Online International Open Trophy – дел од официјалната програма на Светската конфедерација на акордeонот (Confédération Mondiale de l’Accordéon – СМА).

Овој настан, основан во 1951 година, претставува највисоко меѓународно музичко натпреварување за хармоникаши, кое секоја година се одржува во различна земја и обединува повеќе од 60 национални делегации од сите континенти.

Светскиот трофеј се одвива во три фази:

– Национални избори – што се одржуваат во сите земји членки на СМА.

– Онлајн натпревар, кој оваа година се одржа на 8 октомври и им овозможи на музичари од целиот свет да учествуваат виртуелно.

– Офлајн финале, кое ќе се одржи во Франција и на кое ќе настапат само најдобрите кандидати што постигнале оценка од 20/25 или повеќе, како и првите тројца од секоја земја.

Професорот Кекеновски со својот настап успеа да се пласира меѓу најдобрите и да обезбеди место во завршната фаза на натпреварот.

„Станува збор за најсилниот и најреномираниот светски натпревар за хармоникаши. За мене е огромна чест што ќе ја претставувам Македонија на ова музичко натпреварување од највисок ранг,“ изјави Кекеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот