Продолжува „војната“ МКФ – Работнички, суспендирана салата во Градски Парк

Македонската кошаркарска федерација денеска одговори на заканите на Работнички дека ќе покрене судска постапка доколку не се почитуваат актите на МКФ, и не се суспендираат екипите должници пред стартот на Суперлигата.

МКФ објави дека ја суспендира салата во Градски парк бидејќи не ги исполнува потребните  стандарди за организација на мечевите од вториот степен на натпреварување, Суперлигата.  Токму последните „искри“ кои настанаа на релација Работнички – МКФ се причина в среда да се одржи итен состанок на Здружението на прволигаши.

На средбата на клубовите ќе биде присутен и претседателот на МКФ, Петар Наумоски со желба да се разреши ситуацијата пред стартот на Суперлигата.
Работнички во првото коло од Суперлигата во четврток му е домаќин на Кожув.
Освен салата во Градски парк, суспендирана е и малата сала во СРЦ Кале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот