Продолжува соработката на министерствата за финансии на Македонија и Холандија

Министерката за финансии Нина Ангеловска го потпиша Меморандумот за соработка 2020-2022, потпишан од холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра.

Размената на искуства и знаења помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија продолжува и следните две години во насока на градење на подобар систем на јавни финансии во земјава.

Министерката за финансии Нина Ангеловска го потпиша Меморандумот за соработка 2020-2022, потпишан од холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра, кој и го врачи амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп.

Согласно Меморандумот, двете министерства ќе соработуваат преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Преку соработка и пренесување know-how ќе се придонесе кон градење на човечкиот капитал, како и црпење информации од туѓите искуства во градењето на ефективен систем на јавни финансии.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека Холандија дава многу важна поддршка за реформите што се прават во јавните финансии во Република Северна Македонија. Инаку, билатералната соработка меѓу двете министерства започна во 2017 година.

Холандија е значаен партнер на Република Северна Македонија во развојните реформи во сите сфери. Од нашето осамостојување досега, Холандија има доделено средства во висина од над 200 милиони евра за поддршка на проекти во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот